Со еден глас повеќе Владата на Алексис Ципрас го преживеа гласањето за доверба


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со еден глас повеќе, или поточно 151 глас за доверба од вкупно 300 грчки пратеници, Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас „во тесно“ ја доби довербата од грчкиот Парламент.

Ципрас го обезбеди потребното мнозинство со попмош на уште шестмина пратеници , пратеникот на Река, Спирос Данелис , четворица на партијата на Каменос, Василис Кокалис, Елена Кундура, Танасис Папахристопулос и Костас Зурарис, како и независната пратеничка Катерина Папакоста.

148 пратеници од опозициските партии, Нова демократија, Движење на промена, Златна зора, Река, Сојуз на централисти, Комунистичката партија на Грција, гласаа против.

Гласањето почна во 10.30 часот по обраќањето на премиерот Ципрас. Во врска со Договорот од Преспа, Ципрас рече дека неговата совест и патриотската должност му налагаат да ја ускористи оваа историска шанса да се реши проблемот со името со ФИРОМ, свесен за политичката цена што ја плаќа.

Ципрас ги извести пратениците дека Грција ја примила Вербалната нота од македонското МНР во која се соопштува дека се исполнети обврските согласно Договорот од Преспа

Тој најави дека 2019 ќе биде различна за Грција. Земјата зад себе ќе ги пстави социјалните проблеми што ги предизвикаа Неа Демократија и ПАСОК за време на нивното владеење од 2010 до 2015.

Првите чекори веќе се направени , рече Ципрас во обраќањето во Парламентот непосредно пред гласањето доверба на неговата Влада.