Со дронови-камикази Русите го нападнаа родниот град на Зеленски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Руските вооружени сили со помош на дронови-камикази го нападнаа Криви Рех, јави АП.

Криви Рех е роден град на украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Нападот на јужниот украински град во кој Зеленски пораснал се случил рано утрово, вели Валентин Резниченки, гувернер на Дњепропетровск, додавајќи дека во нападот се уништени два ката од училиште.

Русија се повеќе користи ирански дронови-камикази за напад на украински мети. Украинската војска објави дека во текот на ноќта соборила пет ирански дронови на југот на Украина, додавајќи дека два сепак се пробиле низ нивната противвоздушна одбрана.