Home Актуелно Со 59 гласа „против“ и 20 „за“ отфрлена интерпелацијата на министерот Димитров

Со 59 гласа „против“ и 20 „за“ отфрлена интерпелацијата на министерот Димитров

Интерпелацијата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, која беше поднесена од група пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со 59 гласа „против“ и 20 „за“ не беше прифатениа од старана на Собранието на Република Македонија.

Димитров беше обвинет од опозицијата за несовесно и нестручно вршење на министерската функција, спротивно на македонските интереси и оти со потпишаните договори со Бугарија и Грција се загрозуваат македонските интереси.

Во завршното обраќање министерот Димитров ги повика пратениците заеднички да се фокусираат на приоритетите и да разговараат за работи што се вредни за расправање.

– Ние конечно се исправаме на нозе. Порано или подоцна со мудра политика, помалку навреди и повеќе заедништво, мислам дека ќе светлината ќе ја победи темнината. Да се расправаме за работи што се очигледно вредни за расправање –  од даночна политика, состојбите во економијата….. Дајте заедно да си се фокусираме, да си имаме приоритети и да не биде прашање на живот или смрт кој ќе победи, а кој нема да биде на власт. Мислам дека сега е времето тој чекор да го направиме, им порача Димитров на пратениците во Собранието.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…