За Снежана Паучинац, нутриционист и здравствен тренер, авторка на неколку гастро книги и креаторка која секојдневно на својот Инстаграм профил споделува инспирација за вкусни, здрави и едноставни рецепти, добриот појадок не мора да бара многу време. Напротив, и покрај брзото утринско темпо, утрото може да биде совршена можност да го споиме она што ни годи и она што ни е потребно – хранлив оброк, шолја омилено домашно кафе и неколку минути само за себе. Како?
Со неколку едноставни совети, проверен рецепт за брз појадок и мал домашен сојузник во вид на Беко апарат за подготовка на домашно кафе кој презема дел од утринската рутина додека ние се занимаваме со нешто друго. Така утрата стануваат поорганизирани – додека кафето се вари, имате време да завршите барем една утринска рутина – било да е тоа шминка, фризура и нега или подготовка на појадок како во нашиот случај. Сето тоа додека ви се вари вистинско домашно кафе…

Појадок подготвен додека кафето се вари? Може!
Ако барате хранлив оброк кој ќе ве држи сити долго време, а се подготвува брзо и едноставно, рецептот на Снежана за есенска каша со јаболка и ореви може да биде одличен избор.
За подготовка на овој појадок потребни се само две минути – токму колку што е потребно и за да се свари шолја домашно кафе во Беко апаратот за подготовка на домашно кафе. Сè што треба да направите е да налеете вода во џезвето на Беко апаратот, да додадете мерка домашно Grand Gold кафе и со едноставен клик на копчето на апаратот да ја започнете подготовката. Автоматската контрола на времето на варење и прелевање гарантира богата пена и идеален вкус на домашно кафе секој пат. Додека кафето се вари, за точно две минути можете да подготвите вкусен и хранлив појадок.


Измијте и исечкајте јаболко на ситни коцки, па во загреана тава додадете лажичка кокосово масло, јаболко и овесни снегулки. Зачинете со цимет, додадете јаворов сируп и растително млеко, па кратко варете со мешање. Во меѓувреме во чинија ставете грчки јогурт, а кога кашата ќе биде готова, додадете ја врз јогуртот. На крај посипете со сечкани ореви и, по желба, додадете лажичка бадемов (или друг) путер.



Извор: Lepota i Zdravlje