Случај „Титаник“: Јанакиески средувал деца од Дом за сираци за пари да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во новото судско рочиште за случајот „Титаник“ поврзан со изборни нерегуларности, а во надлежност на СЈО, денес се слуша нова серија прислушкувани разговори за изборните неправилности и измами од изборите во 2013 година.

СЈО како доказ во оваа постапка има над 600 необјавени „бомби“. Во сите бомби кои до сега се слушнаа на денешното рочиште се слуша гласот на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески со соговорници како зборуваат за списоците во врска со наоѓање на гласачи. Во еден разговор Јанакиески разговара со директорка на Дом за деца без родители и договараат да им платат на децата за да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Во разговорот директорката го информира Јанакиески дека има 5 полнолетни деца во дом во Скопје, 2 во Виница, 3 во Куманово и 1 во Гостивар. Директорката вели дека ако им се плати на децата, тие ќе гласаат за Никола Груевски. Јанакиески одговара дека не е никаков проблем за плаќање, а директорката додава дека ако треба ќе плати од домот. По ова во разговорот директорката го информира Јанакиески дека има деца кои живееле под кирија и ќе треба да им ги најде адресите и да ги „обработи“ и нив.

Во разговорите се слуша и како Јанакиески договара со соговорници да се испраќаат автобуси од Виена до Италија и да донесат гласачи. Во еден од разговорите Јанакиески му вели на соговорник дека дел од избирачките списоци се направени аматерски.

„Не се глупи луѓето, на една адреса 60 души. Многу аматерски е тоа“, му вели Јанакиески на соговорник и му сугерира тоа да се среди.

Во разговорите се слуша и како Јанакиески бара списоци и од затвореници и од војници, за да го организира гласањето.