Home Актуелно Случај „Рекет“: Мерки за претпазливост за Ременски, домашен притвор за Јасна Мандиќ

Случај „Рекет“: Мерки за претпазливост за Ременски, домашен притвор за Јасна Мандиќ

Истражните органи синоќа вршеа претрес во домовите на тројца од осомничените од истрага за случајот „Рекет“ која се објави во текот на вчерашниот ден, откри обвинителката Вилма Русковска.

Таа рече дека за пратеничката Фросина Ременски се предложени мерки за претпазливост.

Вечерва на распит беше Јасна Мандиќ на која и беше определен куќен притвор, а останатите осомничени на распит ќе бидат повикани утре.

Русковска вечерва изјави дека документите од истрагата за „Рекет“ кои протекоа во јавноста, не се излезени од Обвинителството.

-Одговорно тврдам дека документите објавени од истрагата за Рекет не се излезени од Обвинителството. Може да се види дека оние документи кои протекоа се копии, а во Обвинителството ги има само оргиналите. Обвинителството доставува копии до Судот, рече Русковска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…