Актуелно

Скопскиот Аква Парк ќе работи до 8-ми Септември

Аква паркот во склоп на СЦ „Борис Трајковски”, ова лето ја имаше најуспешната сезона досега со над 37 000 продадени влезници. Посетителите цело лето имаа можност да уживаат во сите атракции и места за одмор кои ги нуди паркот. Аква Парк ќе работи и овој викенд до 1-ви септември, а последна шанса за релаксација и забава оваа сезона, посетителите ќе имаат наредниот викенд, односно на 7-ми и 8-ми септември, а деновите од понеделник до петок нема да биде отворен за посета.

По затворањето на Аква Парк, рекреативно ќе може да пливате и во затворениот базен во СЦ „Борис Трајковски” во одредени термини, а од понеделник во спортскиот центар започнува и нова сезона на Аеробик вежбање со термин од 19:00, секојдневно од понеделник до петок. Во склоп на СЦ „Борис Трајковски” работи и кугланата, реновирана и подготвена за родендени, прослави, тим билдинг и професионално и аматерско натпреварување во куглање. Другите содржини кои ги нуди центарот се сауна, пинг понг, фитнес, а наскоро ќе започне и концертната сезона, како и спортските натпреварувања во арената и малата сала.

Advertisements
To Top