Home Актуелно Скопски Основен 1 денес одлучува за барањата за претпазливост и притвор од СЈО

Скопски Основен 1 денес одлучува за барањата за претпазливост и притвор од СЈО

Судиите од кривичните совети од Основниот суд Скопје 1 денеска ќе одлучуваат по обвиненијата и барањата за определување на мерки за претпазливост и мерка притвор за случаите на Специјалното јавно обвинителство што вчера беа примени во Судот.

Кривичниот суд информираше дека предметите под називот „Тотал“, „Тревник“, „Тифани“, „Титаник“ и „Тортура“ преку автоматска распределба се доделени во работа за оценка на обвинителен акт кај судијката Моника Бахчовановска.

Предметите што се во надлежност на Оддлението за организиран криминал исто така преку автоматска распределба се доделени кај неколку судии.

Кај судијката Лидија Петровска е распределен предметот „Тарифа“, кај судијата Горан Бошевски предметите „Трезор “ и „ Тенк“, кај судијата Верка Петковска предметот „Титаник-2“, кај судијата Ленка Давитковска предметот „Топлик“, кај судијата Ивица Стефановски предметот „Тендери“ и кај судијата Татјана Михајлова предметите „ТНТ“ и „Траекторија“.

Специјалното јавно обвинителство вчера поднесе 17 обвиненија за 18 предмети против вкупно 94 физички и седум правни лица. Се бара мерка притвор за 18 лица и мерка претпазливост за 47 лица.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…