Home Актуелно Скопје – Софија со воз за само еден час, ама дури во 2027 година

Скопје – Софија со воз за само еден час, ама дури во 2027 година

На првата седница од македонско-бугарската Меѓувладина комизија за економска и трговска соработка главна тема беа економските односи, транспортот и енергетската поврзаност на двете земји.

Акцентот на седницата ќе биде ставен на изградбата на железничка линија меѓу Софија и Скопје, како и намалувањето на роамингот.

Бураскиот министер за транспорт, Росен Жељазков, пред почетокот на седницата изјави дека помеѓу 2025 и 2027 година е рокот за завршување на железничката линија Софија-Скопје.

Целта е железничката линија од Скопје до бугарската граница да се заврши до 2027 година. Кога Скопје и Софија ќе бидат поврзани, оваа железничка линија ќе биде дел од Коридорот 8, кој треба да ги поврзе Бугарија, Македонија и Албанија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…