Home Актуелно Скопје, Кавадарци и Куманово утрово со најзагаден воздух

Скопје, Кавадарци и Куманово утрово со најзагаден воздух

Утрово мерните станици во Скопје, Кавадарци и Куманово регистрираа многу високо ниво на загаденост на воздухот со ПМ 10 честички. Станува збор за загаденост неколку пати над дозволеното.

Сите мерни станици во Скопје, Центар, Карпош, Лисиче, Гази Баба и ректорат, регистрираат многу високо ниво на загаденост. Според планот за подобрување на квалитетот на воздухот во скопскиот плански регион што го изработија Финскиот институт за метеорологија, Австриската агенција за животна средина, градот Скопје и Министерството за животна средина а кој беше презентиран минатата недела, најголемото загадување со пм 10 честички во воздухот потекнува од загревањето на домаќинствата и тоа со 32 отсто.

По затоплувањето, удел од околу 20 насто имаат сообраќајот, градилиштата и индустријата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…