Home Спорт Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Европскиот шампионат во шах во поединечна конкуренција со свечена церемонија стартуваше денеска во хотелот Хилтон, во Скопје.

Претседателот на Европскиот шаховски сојуз, Зураб Азмаипарашвили ги поздрави сите учесници и гости, укажувајќи на важноста на настаните како што се Европското првенство во шах. Тој им посака на сите играчи фер игра и добри резултати и го прогласи шампионатот официјално отворен.

Претседателот на шаховската федерација на Македонија, Благоја Богоевски, им се обрати на присутните и им се заблагодари на Владата и Агенцијата за млади и спорт, менаџментот на Хилтон и Европската шаховска унија за организација на првенство.

Претседателот Азмаипарашвили му додели на директорот на АМС, Дарко Каевски почесна плакета како симбол на благодарност за поддршка на настанот.

Каевски, пак, не го криеше своето задоволство и истакна дека е многу среќен што во моментов во Скопје е во тек еден од најпрестижните шаховски настани ширум Европа им се заблагодари на организаторите, особено на Богоевски за целокупниот ангажман, како и на Европскиот шаховски сојуз.

Техничкиот состанок на настанот се одржа по церемонијата на отворање во салата за игра. Првиот круг започнува денеска (15:00 часот), а емитувањето во живо на првите 50 одбори е достапно на официјалната веб-страна на шампионатот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…