Скандалозна изјава на поглаварот на ИВЗ Реџепи: Македонскиот народ е див и без идентитет


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со скандалозна изјава во која македонскиот народ го оценува како див народ кој поради тоа нема идентитет, проглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи ја разбранува македонската јавност и предизвика остри реакции.

Ваквата скандалозна изјава ја дал во обраќањето во Скопското село Арнакија за време на церемонијата на поставувањето на камен темелникот на џамија.

ИВЗ нема да дозволи да биде попречувана градбата на џамии и нема да молчи за тоа. Ова поглаварот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Хаџи сулејман Ефенди Реџепи го ветил на церемонија за камен темелник на џамија во скопското село Арнакија на 14-ти март или на десетина дена пред да и пише на владата дека и дава десетдневен рок да се расчистат споровите со ИВЗ, поврзани со процесот на предавање на имотот на оваа верска заедница вратен по пат на денационалиозација. Во настапот пред верниците на Арнакија, кој во форма на видео е поставен и на неговиот фејсбук профил викендов,Реисот со недолични зборови кон Македонскиот народ, што не му е прв пат.

„Џамиите да се попречуваат и да не се одоброува нивната изградба, оваа работа нема да ја дозволиме. Никогаш нема да молчиме. Се надеваме со господ напред дека ќе дојдат подобри времиња и секаде имаме народ и места..во село Лажец Битолско каде повеќе од 100 години немаат џамија. Замислете вие каков див народ е овој со кои сме во соживот. Овие се безпримерен див народ, затоа немаат идентитет и нема да имаат никогаш, без разлика дека ние сакаме да им помогнеме.Не се помага, бездушниот не се освестува.”

Изјавил Реисот Реџепи на церемонијата во Арнакија, а во продолжение на говорот се осврнал на потребата да се изгради џамијата во Битолското село Лажец поготово што ИВЗ таму имала свој вакуф.Околу дваесетти март Реисот Реџепи во писмо до Владата и даде десетдневен рок за надминување на прашањата поврзани со имотот на ИВЗ вратен со денационализација. Во писмото Реисот ја искритикува владата дека ја фаворизира МПЦ а ја дискриминира ИВЗ и дека за тоа ќе ги известувале верниците во предизборната кампања преку седумстотините џамии. По реакција од страна на министерот Спасовски дека е ова ултиматум, оставено беше за ова прашање да се разговара по изборите.