Home Актуелно Скандалот со украинското жито изнуди оставка од полскиот министер за земјоделие

Скандалот со украинското жито изнуди оставка од полскиот министер за земјоделие

Вицепремиерот и министер за земјоделство на Полска, Хенрик Ковалчик, денеска поднесе оставка во екот на скандалот околу украинското жито, кое наместо во Африка главно заврши во Полска и на пазарите на Европската унија.

„Јас поднесов оставка од функцијата министер за земјоделство и рурален развој кога видов дека Европската комисија (ЕК) нема да го исполни основното барање на полските земјоделци. Наместо тоа, ЕК објави предлог за продолжување на бесцаринскиот увоз на жито од Украина за следната година, а ќе стапи на сила во јуни годинава“, образложи Ковалчик на прес-конференција зошто поднесува оставка.

Тој ќе остане на функцијата вицепремиер, а нов министер за земјоделство треба да стане шефот на Комитетот за земјоделство и рурален развој во Сејмот на полскиот Парламент, Роберт Телус.

На крајот на март, Ковалчик потпиша договор од 11 точки со претставници на земјоделците, кои организираа протести низ цела Полска поради украинските житарки и се заканија дека ќе ја окупираат зградата на министерството, од кои првата точка беше враќање на царинските давачки кои беа укинати од хуманитарни причини.

Пред да поднесе оставка, Ковалчик вети дека полската влада ќе одвои нешто повеќе од две милијарди евра за покривање на загубите на полските земјоделци поради дестабилизацијата на пазарот предизвикана од украинските житарки.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…