Одложено и второто рочиште за Митрев – роднини на пациенти починати на неговата клиника протестираа пред судот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со оправдување дека неговиот адвокатски тим не успеал да направи увид во предметот, денеска во Скопје одложи и второто судско рочиште на обвинетиот доктор Жан Митрев.

Доктор Митрев пред судот освен од новинарските екипи, беше дочекан од роднини на пациенти кои починаа во неговата клиника по примена на методот хемофилтрација за лекување од КОВИД 19, пренесува ИРЛ.

Половина час пред закажаното судење, семејствата дојдоа пред Кривичниот суд со фотографии од починатите и транспаренти на кои пишуваше „Профитер на грбот на болните од ковид!“, „Хемофилтрациите ги убија нашите најмили. Бараме одговорност!“, „Бараме максимална казна за Жан Митрев“. Доктор Митрев кој е обвинет за измама на пациенти, не можеше да ја избегне средбата. Тие останаа пред судот и додека обвинетиот беше внатре и чекаа да го слушнат исходот од рочиштето.

Причина за повторното одложување е изговорот на одбраната дека не успеала да изврши увид во списите на предметот, бидејќи се наоѓаат во Апелацискиот суд кој одлучува дали имотот на клиниката „Жан Митрев“ ќе остане замрзнат и нема да смее да се отуѓува.