Home Актуелно СЈО: Не знаењето од никого каде е Кочан ги потврдува сомнежите за бегство

СЈО: Не знаењето од никого каде е Кочан ги потврдува сомнежите за бегство

Заврши јавната седница на Апелацискиот суд на која се расправаше за жалбата по решението на Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 за притворот на Сеад Кочан.

Се уште не се знае кога ќе биде донесена одлуката дали ќе се потврди или ќе се отфрли притворот за Кочан.

СЈО рече дека со тоа што веќе неколку дена никој не знае каде е Кочан, се потврдило нивното сомнение за можно бегство.

Адвокатот на осомничениот Никола Додевски претходно за медиумите изјави дека единствената потреба за притвор е тој да биде затворен, а неговиот медиум замолчен.

Адвокатот Додевски побара Советот да ја прифати жалбата и да го укине решението за притвор, а обвинителите од СЈО рекоа дека доколку Кочан не е во притвор, може да го повтори делото и да влијае на вештаците во овој случај.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…