Home Актуелно Синот си го ограбил таткото – од каса му украл 85.000 евра

Синот си го ограбил таткото – од каса му украл 85.000 евра

Тетовската полиција успеа да расчисти тешка кражба која во нивните органи била пријавена на 6 октомври годинава од страна на 51-годишниот Т.С. од тетовското село Јанчиште.

Од полицијата информираат дека ќе биде изготвен соодветен поднесок против неговиот 25-годишен син Р.С. согласно член 263, а во врска со член 236 од Кривичниот законик.

Р.С. се сомничи дека во изминатите три недели од металната каса во домот одзел 5.199.000 денари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…