Синот на Илчо Захариев, екс градоначалникот на Штип, пронајден мртов


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синот на поранешниот штипски градоначалник, Илчо Захариев, 23-годишниот Александар Захариев беше пронајден мртов синоќа во куќа во Делчево, пренесува „Макфакс“.

Од МВР велат дека денеска во 9.50 часот во Полициската станица Делчево од Службата за итна медицинска помош било пријавено дека во атарот на селото Ѕвегор, Делчевско, бил пронајден починат А.З. (23).

Од Обвинителството велат дека на неговото тело немало траги на насилство и дека е извршен увид. Телото е предадено на обдукција за да се утврдат причните за смртта. Според првичните информации станува збор за самоубиство.