Симеоне прави дрим-тим: Атлетико фаворит за потписот на Видал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот гигант Баерн Минхен е спремен ова лето да го продаде Артуро Видал, доколку пристигне адекватна понуда, пренесуваат германските медиуми.

Иако првичните информации говореа дека ќе се пресели во Наполи, сепак „Билд“ тврди дека фаворит за неговиот потпис е Атлетико Мадрид.

Видал има договор со Баварците до 2019 година, а со оглед на фактот што се уште нема ставено потпис на нов договор, ова е последниот трансфер период во кој Баерн може да заработи од неговата продажба.

Тренерот на „јорганџиите“ Диего Симеоне е голем симпатизер на играта на Видал и смета дека одлично би се вклопил во неговиот тим.

За Видал силен интерес покажуваат уште Наполи, Челзи и Манчестер Јунајтед, а неговата цена моментално изнесува околу 40 милиони евра.