Home Актуелно Шведската полиција уби 20-годишно момче со Даунов синдром – држело пластичен пиштол

Шведската полиција уби 20-годишно момче со Даунов синдром – држело пластичен пиштол

Полицијата во Шведска смртно застрела 20-годишно момче болно од Даунов синдром и една форма на аутизам, пренесуваат светските медиуми.

Полицијата пукала во Ерик Торел, мислејќи дека тој во рацете има вистински, а не пластичен пиштол, велејќи дека се однесувал „заканувачки“.

Трагедијата се случи во предградието на Стокхолм, Васастан, а полицискиот тим излегол на терен во четвртокот наутро откако било јавено дека „маж има пиштол“.

Полицијата соопшти дека нејзините припадници отвориле оган и дека младиот човек бил префрлен во болница, каде што починал од претрпените повреди.

Мајката на убиеното момче рече дека пиштолот-играчка бил подарок и дека нејзиниот син бил „сериозно онеспособен“ и дека е невозможно да изгледал „заканувачки“ затоа што бил „како тригодишник“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ген Зет повеќе се плаши да побара зголемување на плата отколку да раскине врска!

Кога е полесно да кажеш „веќе не те сакам“ отколку „сакам повисока плата“! Во свет кој се …