Home Актуелно Швајцарија може привремено да воведе забрана за возење електрични автомобили

Швајцарија може привремено да воведе забрана за возење електрични автомобили

Ако претстојната зима на Швајцарија ѝ снемува струја реши да воведува рестрикции, државата, меѓу другото, ќе го забрани користењето на електрични возила за развозување натаму-наваму.

Во случај на криза, сопствениците на Тесли и слични возила, ќе смеат истите да ги користат само за „есенцијални патувања“: возење на работа, посета на доктор, религиозни настани, судски рочишта и купување храна.

Освен електричните возила, во планот за итни ситуации се предвидува намалување на работното време на продавниците за по 2 часа на ден, гасење на греењето во ноќните клубови и стишување на греењето во другите објекти на не повеќе од 20 степени Целзиусови.

Проблемот за Швајцарија е што иако статистички произведува доволно енергија за да не мора да стравува, производството не е рамномерно секој месец во годината, туку достигнува пикови во пролет и лето, а паѓа во есен и зима.

Заради ова Швајцарија стандардно пола од годината извезува струја, а другата половина увезува од соседните земји, кои пак вишокот енергија го добиваат од природен гас што до сега го увезуваа од Русија.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…