Што се може Меси за 90 минути… Тешко е и да се наброи!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси одигра уште една брилјантна партија против Хуеска во 3-то коло од шпанското првенство.

Меси синоќа на Камп Ноу стана првиот фудбалер во 21-от век кој успеа да запише 150 асистенции во Примера и во моментов има 151. Од активните фудбалери наблиску е неговиот поранешен соиграч Цеск Фабрегас кој има 143.

Аргентинецот покрас асистенциите и головите против Хуеска имаше 101 допир со топката, седум шута, 75 комплетирани додавања, девет креирани шанси и 100% успешност во дриблинзите.

Хуеска стана 37-от тим во Примера против кого Меси успеа да се запише во листата на стрелци. Притоа Аргентинецот е во серија од 46 натпревари без пораз во првенството.