Home Спорт Што ќе каже Зидан на оваа „понуда која не може да се одбие“?

Што ќе каже Зидан на оваа „понуда која не може да се одбие“?

Славниот француски фудбалер и тренер Зинедин Зидан е спремен повторно да и се врати на тренерската работа на лето.

Зидан е слободен откако го напушти Реал Мадрид во 2021 година, па откако стана јасно дека нема да седне на клупата на француската репрезентација, сега повторно е спремен за клупски ангажман.

Англиските медиуми тврдат дека Зидан е кандидат број еден за тренерското столче на „Стенфорд Бриџ“. Челзи не е задоволен од работата на Потер и спрема тренерска смена на лето.

Зидан ќе има одврзани раце во Челзи да го води новиот проект, во кој сопственикот Боели веќе вложи 600 милиони евра.

Челзи веќе спрема понуда за францускиот стратег, но останува да се види дали ќе ја прифати, бидејќи интерес за Зидан покажува и ПСЖ.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…