Home Актуелно Штипска Апелација му ја зголеми затворската казна на возачот кој ја усмрти Верица Белчовска

Штипска Апелација му ја зголеми затворската казна на возачот кој ја усмрти Верица Белчовска

Штипскиот Апелациски суд ја зголемил казната затвор на 18годишниот И.Ч. од Струмица од 15 на 30 месеци заради прегазувањето на Верица Белчовска (20) од беровско Русиново.

Во јули годинава Основниот суд во Струмица му изрече пресуда 15 месеци за сообраќајната несреќа која се случи на 7 април годинава на булеварот „Ленинова“ во Струмица, кога момчето кое возело автомобил марка „нисан“ удрило во Верица, која преминувала на пешачки премин. Возачот избегал од местото на несреќата, а подоцна, истиот ден, сам се пријавил во полициска станица.

Пресудата на Апелацискиот суд ја соопшти адвокатката на семејството Белчовски преку писмена изјава за медиумите.

По загинувањето на Верица, семејството ги донираше нејзините органи, кои спасија три животи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…