Штајнмајер: Честит Денот на независноста, Германија е со вас


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оваа година вашата земја можеше да се радува не само на приемот во НАТО, туку и на одлуката на Европскиот совет за започнување на пристапни преговори со ЕУ. Со историскиот договор за прашањето за името со Грција и важните реформи, Северна Македонија значително придонесе за тоа, се вели во честитката од германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер испратена до македонскиот претседател Стево Пендаровски, а по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија.

„Уште позначајно останува ангажираното продолжување на реформите во централните области: владеење на правото, доброто владеење, како и одржување на добрососедските односи. Германија и понатаму ќе ја поддржува вашата земја во приближувањето кон Европската Унија како и при совладувањето на последиците од пандемијата од КОВИД-19, како искрен и доверлив партнер“, пишува во честитката од Штајнмајер, соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Република Македонија вчера ја одбележа 29-годишнината од прогласувањето на независноста. Македонските граѓани на 8 септември 1991 година, на референдум, одлучија да се напушти тогашната југословенска федерација и и да се продолжи како самостојна држава.