Шпанската полиција уапси 15 припадници на Кавачкиот клан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските полициски служби уапсија 15 лица откако беа откриени 13 затворени плантажи со марихуана на две локации во руралните области на провинциите Мадрид, Гвадалахара и Толедо.

Според шпанските медиуми, станува збор за членови на Кавачкиот клан од различни земји во светот, пренесува порталот „Подгорица Дан“.

„Запленети се осум парчиња огнено оружје, од кои едното автоматска пушка, повеќе од 3.000 садници марихуана, 150 килограми марихуана затворена во вакуум и 54.000 евра во готовина“, се вели во соопштението на шпанското МВР.

Според информациите кои ги пренесуваат шпанските медиуми, апсењето било извршено синоќа.