Аирлија сефте 78 отсто повисоки плати, функционерчиња – шеќер да ги јадете


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога станува збор за зголемување на функционерските плати за 78%, македонската власт и опозиција функционираат синхронизирано како да се една партија.

Не провериле, не забележале дали денеска им легнале на сметките екстра парите од бонусот кој им го овозможи Уставниот суд. Власта не сака да коментира одлука на највисокиот суд, но вели, треба да се наде решение.

Опозицијата ќе ја чека власта да поднесе предлог во Собрание, оти сè што предлагале, СДСМ и ДУИ им одбивале.

Но, додека се чека системското решение поднесено од власта, а прифатено од опозицијата – и едните и другите ќе уживаат во зголемената плата. Па така, денеска на сметката на шефот на државата Стево Пендаровски, кој единствено крена глас против зголемувањето на платите, ќе легнат дополнителни 1200 евра, па тој ќе зема над 2.500 евра. Над 1000 евра повеќе ќе добијат и претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски.

Првиот има највисока плата 166.207 денари, а вториот за април ќе добие 156.482 денари. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ќе има плата од 153.037 денари. Плати над 2.000 евра ќе имаат и вицепремиерите Грковска, Битиќи, Груби, Маричиќ и министерката за одбрана Петровска, што значи дека ќе добијат по 35 до 40 евра повеќе за секој работен ден. Одлуката на Уставен суд ќе има влијание на довербата на граѓаните кон политичарите, тврди професорот Атанас Козарев.

Народните избраници во Парламентот имаат коефициент за пресметка од 3,5 и нивните месечни примања ќе изнесуваат 1.750 евра, без патни трошци и надоместоци за учество во комисии и собраниски тела.

Во просек 3,4 е коeфициентот за пресметка на замениците министри, судија на Врховниот суд на Македонија, претседател на Апелациониот суд и виш Јавен обвинител а во денари тоа изнесува речиси 106 илјади денари

Градоначалниците имаат различен коефицeнт кој зависи од бројот на жиели во општината и се движи од 2,7 до 3,7 за градоначалникот на Скопје и новите плати ќе се движат во рангот од 84 илјади денари до 115 илјади денари колку што според пресметките треба да изнесува платата на градоначалничата Арсовска.