Home Спорт Шоу на претседателот на ТНС: Позираше пред „Филип Втори“ качен на автомобил (фото)

Шоу на претседателот на ТНС: Позираше пред „Филип Втори“ качен на автомобил (фото)

Шампионот на Велс, екипата на ТНС е првиот противник на македонскиот шампион Шкендија во Лигата на шампиони.

Сопственикот на ТНС, Мајк Харис заедно со уште тројца пријатели денес пристигна во Скопје и имаше свое шоу пред стадионот „Филип Втори“.

Имено, тој направи цела фотосесија пред националниот стадион и така го најави утрешниот меч со Шкендија во лигата на шампиони.

Мајк Харис четири дена патуваше до Скопје, а последните два дена беше во Хрватска, каде славеше за победата на „коцкестите“ против Русија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…