Home Спорт ШОКАНТНА ПОРАКА ЗА САЛАХ: Изгледаш како терорист, избричи се!

ШОКАНТНА ПОРАКА ЗА САЛАХ: Изгледаш како терорист, избричи се!

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах е обожаван во Египет бидејќи ја однесе египетската репрезентација на СП после 1990 година и затоа што се истакнува по својата хуманитарна дејност во татковината.

Салах постигна гол во судиското продолжение протов Конго и со тоа и овозможни на репрезентацијата пласман на Мундијал, прв пат после 28 години.

Меѓутоа, сега новинарот на државниот весник Ал-Ахрам, го повика да ја избичи брадата која го „става во ист кош со екстремистите и терористите“.

Не е случајно што Салах добива ваква порака од весник кој е во сопственост на државата.

Официјален Египет уште од 2013 година се бори против исламистичкиот фундаментализам и против ИСИС.

„Избричи се, изгледаш како терорист“, гласи пораката до херојот на нацијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…