Home Спорт ШОК: Рамос го моли Перез да го ослободи за да се пресели во Кина!

ШОК: Рамос го моли Перез да го ослободи за да се пресели во Кина!

Шпанските медиуми денес лансираа шокантна информација и тврдат дека капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос официјално побарал од Флорентино Перез да го пушти да си замине како слободен агент.

Имено, 33-годишниот дефанзивец од претседателот на „кралскиот“ клуб побарал спогодбено раскинување на договорот со цел да се пресели во Кина.

Како што тврдат шпанските медиуми, Рамос на маса има богата понуда од Кина, но Перез на состанокот јасно му ставил до знаење на капитенот дека Реал неам да го даде гратис.

Рамос има актуелен договор со Реал до 2021-ва година и откупната клаузула изнесува 800 милиони евра, но сериозно размислува да го напушти клубот ова лето.

Односите меѓу Рамос и Перез не се најдобри веќе неколку месеци, откако капитенот влегол во конфликт со претседателот веднаш по елиминацијата од Лигата на шампионите.

Шпанските медиуми не прецизираат колку е висока понудата од Кина, но тврдат дека станува збор за повеќе од 20 милиони евра по сезона.

https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1133013949358727168

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…