Home Актуелно Шести во два дена: Нов земјотрес во Охрид

Шести во два дена: Нов земјотрес во Охрид

Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени беше регистриран во Охридскиот регион во 13 часот и 45 минути.

Епицентарот на земјотресот беше на 5 километри северо-западно од Ресен на длабочина од 10 километри.

Ова е шести земјотрес во овој регион во последните два дена.

Во 1 часот и 2 минути по полноќ беше почувствуван земјотрес во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од 3,3 степени според Европската Макросеизмичка Скала, по кој следуваа уште два со јачина од 2,4 и 2,7 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…