Home Шоубизнис Шесте девојки на Скот го разлутија кланот Кардашијан/Џенер

Шесте девојки на Скот го разлутија кланот Кардашијан/Џенер

Кланот Кардашијан повеќе не сака да има ништо заедничко со Скот Дисик, откако заводникот беше фотографиран со 6 различни жени во текот на само неколку дена.

Долгогодишниот партнер и татко на 3-те деца на Кортни Кардашијан деновиве не се воздржуваше од јавната претстава која ја направи за да ја разбуди љубомората на својата довчерашна партнерка. Сосема лабаво се дружеше со дури 6 различни девојки, додека Кортни се забавува со новото момче играчка.

Сепак, според TMZ, кланот Кардашијан му е лут на Скот бидејќи сака да ја повреди Кортни. Блиски извори на семејството велат дека тој е „мртов за нив“.

Кортни веќе му забрани да ги гледа децата поради тоа што јавно ја засрамил, а преостанатите членови на семејството воопшто не сакаат да комуницираат со него.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …