Шеќеринска тврди: „90 насто од времето на лидерските се потроши на барањето амнестии од ДПМНЕ“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вицепремиерката и министер за одбрана на Македонија, Радмила Шеќеринска, во интервју за Канал 5, категорични изјави:

„Одговорно тврдам и барам јавно да ме демантираат дека 90 проценти од времето на лидерските средби беше потрошено на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за амнестија“.

Притоа, таа појасни дека барањето не било преку чин на амнестија, туку преку измена на членот 353 од Кривичниот законик, кој ја дефинира злоупотребата на службена должност, а потоа и еден мал обид тоа да се направи и преку измена во Законот за финансирање на политичките партии.

„Единствениот интерес кој го имаа на таа маса беше да се промени Кривичниот законик за да паднат во вода клучните обвиненија кон првите луѓе од поранешното раководство во ВМРО-ДПМНЕ. Ние рековме дека со тоа не се согласуваме, и дека нема да дозволиме заради референдумот да бидеме уценети со амнестија“, објасни во изјавата Шеќеринска.

Еве го целосното интервју со неа.