Спорт

Севиља го сака Димитриевски, Рајо ја одби првата понуда

Шпанските медиуми пренесуваат дека Севиља покажува сериозен интерес за македонскиот голман Столе Димитриевски, кој моментално настапува за Рајо Ваљекано.

Димитриевски со Рајо Ваљекано не успеа да обезбеди опстанок во Примера, но можно е летово да се врати во елитата доколку прифати една од понудите кои доаѓаат на негова адреса.

„Марка“ објави дека андалузискиот клуб, кој веќе потроши 100 милиони евра досега летово на засилувања, испратил понуда од 2,5 милиони евра за Димитриевски, но истата експресно била одбиена.

Претходно Еспањол испрати повисока понуда од 4.5 милиони евра, но првите луѓе на Рајо немаат намера да се откажат од Димитриевски и за него бараат 6 милиони колку што и изнесува неговата клаузула во договорот.

Advertisements
To Top