Home Актуелно Северна Кореја лансираше три балистички ракети

Северна Кореја лансираше три балистички ракети

Северна Кореја денеска лансираше три балистички ракети со мал дострел, соопшти американската војска, пренесува АлсатМ.

Американската војска, наведе дека две од нив имале неуспешен полет, додека третата експлодирала речиси веднаш по лансирањето.

Ракетите се лансирани во момент кога десетици илјади американски и јужнокорејски војници учествуваат во заеднички воени вежби, на кои Пјонгјанг гледа како на висока провокативна проба за инвазија на севернокорејската територија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…