Серена се вери со ко-основачот на Reddit Оханијан – еве како ја објави свршувачката

Тенисерката Серена Вилијамс објави дека нејзиниот дечко, еден од основачите на Reddit, Алексис Оханијан, ја побарал нејзината рака, запросувајќи ја со веренички прстен на патувањето во Рим.

30-12-serena-williams-alexis-ohanian2

35-годишната тенисерка веста ја соопшти токму на Reddit, пишувајќи своевидна песна за да ја долови пораката која сака да им ја испрати на фановите и јавноста дека е запросена: At the same table we first met by chance / This time he made it not by chance / But by choice / Down on one knee / He said 4 words / And I said yes.

30-12-serena-williams-alexis-ohanian1