Сер Џим Ратклив на чекор до купување на Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британскиот милијардер Џим Ратклиф, кој е познат и како најбогатиот Британец на светот, е блиску до купување на акциите на Манчестер Јунајтед.

Неговата компанија „Ineos“ неодамна потврди дека покажува интерес и го започнале процесот за купување на акции од Манчестер Јунајтед, а сега купопродажбата е пред реализација.

Семејството Глејзер, кое е сопственик на Манчестер Јунајтед последните 17 години во ноември потврди дека клубот е на продажба. Следната недела сите кандидати треба да ги достават понудите, а се тврди дека сопствениците бараат 4 милијарди фунти.

70-годишниот Ратклиф е фан на Манчестер Јунајтед од дете, а беше и еден од кандидатите за да го купи Челзи, но не успеа да ја подобри понудата од Тод Боели, кој за клубот од „Стенфорд Бриџ“ плати 4,25 милијарди фунти.

Неговата компанија веќе е сопственик на два клуба, француска Ница и швајцарскиот Лозана Спорт.