Home Актуелно Септември го испраќаме со дожд

Септември го испраќаме со дожд

Последниот септемвриски ден во Македонија носи претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде повремено ќе бидат поројни и се очекува да наврнат до 20 л/м2 дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 18 Целзиусови степени, Маврово 13, Охрид 19, Битола 18, Крива Паланка 16, Берово 14, Кавадарци и Дојран 20.

Прогнозата за утре е променливо облачно и свежо, претпладне во западните и јужните делови со повремен дожд со послаб интензитет. Попладне ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 14 до 22 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…