Home Спорт Сензација од Минхен: Баерн тргнува по ѕвездата на Барселона

Сензација од Минхен: Баерн тргнува по ѕвездата на Барселона

Баерн Минхен лошо ја отвори сезоната и неочекувано заостанува цели пет бода зад лидерот Борусија Дортмунд.

Баварците поради тоа му дадоа отказ на Карло Анчелоти, а вчера и официјално го назначија Јуп Хејнкенс за нов шеф на стручниот штаб.

Но, тоа не е единствениот проблем за Баерн. Првиот голман Мануел Ноер бавно се опоравува од повредата и би можел да се врати на терените дури во март.

Поради тоа „Мундо Депортиво“ пренесува дека Баварците се заинтересирани за голманот на Барселона, Тер Штеген.

Тешко е да се очекува дека Каталонците ќе се откажат од својот прв голман, но Баерн има алтернатива, а тоа е токму резервата на Тер Штеген, Јаспер Силесен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…