Home Спорт Сензација: Елиминирана првата носителка на Ролан Гарос

Сензација: Елиминирана првата носителка на Ролан Гарос

Руската тенисерка Екатерина Макарова на првиот натпреварувачки ден на Ролан Гарос приреди вистинско изненадување, откако ја елиминира првата носителка Анжелик Кербер.

Макарова испиша историја на Ролан Гарос, бидејќи никогаш досега првиот носител, во женска или машка конкуренција не бил елиминиран во првата рунда на вториот гренд слем во сезоната.

Кербер која не може да ја најде вистинската форма уште од почеткот на оваа година, а особено лошо игра на земјена подлога, од искусната руска тенисерка загуби за нешто помалку од 90 минути игра со 2:6, 2:6.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…