Актуелно

Семејно убиство во Кочани

Како што пренесуваат надлежните служби од СВР Штип утрово околу 05:20 часот во полициска станица во Кочани од 30 годишник било пријавено дека во нивната семејна куќа на улицата ,,Климент Охридски” во Кочани неговиот 55- годишен татко ја нападнал неговата мајка која била на возраст од 46 години, пренесува Сител.

Повредената со тешки телесни повреди била веднаш пренесена во болницата во Кочани. Откако на терен излегле полициски екипи го пронашле безживотното тело на 55 годишникот со убодна рана во пределот на градите.

Во моментов во тек е увид на местото на настанот кој го вршат јавен обвинител и екипа од полициската станица од Кочани. Истражните органи не откриваат кој го извршил убиството, дали мајката или синот.

Неофицијалните информации, кои не се потврдени од полицијата се дека во обидот да се одбрани сопругата го усмртила нејзиниот маж.

Според информациите на Сител, жената со тешки телесни повреди и голем број исекотини во моментов е во штипската клиничка болница.

Advertisements
To Top