Седницата за разрешување на Катица Јанева закажана за утре


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за утре ја закажа седницата за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Мандатот како специјална обвинителка на Јанева ѝ завршува на 15 септември. Таа моментнo е осомничена во случајот „Рекет“ и се наоѓа во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Јанева од притвор потпиша решение предметите кои ги води СЈО да бидат префрлени во Јавното обвинителство. Од утринава почна процесот за преземање на предметите од едно во друго обвинителство.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески истакна дека нема пречка „бомбите“ и понатаму да бидат доказ во истрагите на СЈО.

Во поглед на обвинителите во СЈО, како што појасни јавниот обвинител, Советот на јавни обвинители ќе ги врати во обвинителствата од каде што дошле.