Себичниот Гризман: Се исчалами за атрактивен гол и му скрати хет-трик на Торес (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако не само што не испадна фраер со потегот со кој само буквално ја префрли топката преку гол линијата, кога ионака таа ќе завршеше во мрежата, Антоан Гризман со тоа направи неспортски потег скратувајќи му на Фернандо Торес со хет-трик да се „одјави“ од Висенте Калдерон.

Топката која ја упати кон голот Фернандо Торес, иако забавена од контактот со противничкиот играч, сепак доби спин движење кое ќе ја одведеше до мрежата без да има шанса некој да го спречи погодокот, Гризман ја префрли преку гол линијата со атрактивен удар со пета. За двојна жал, и на Торес кој со тој погодок ќе запишеше хет-трик, и за Атлетико Мадрид, Французинот беше во офсајд позиција и со тоа голот не беше важечки.