Home Спорт Се тресе столчето на Гатузо – Милан веќе најде замена

Се тресе столчето на Гатузо – Милан веќе најде замена

Италијанските медиуми пренесуваат дека сериозно е разнишана позицијата на тренерот Џенаро Гатузо во Милан и дека наскоро може да има тренерска смена на „Сан Сиро“.

Раководството на „росонерите“ не е задоволно од начинот на кој Милан играше во градското дерби, но и генерално од освоените бодови во досегашниот дел од шампионатот.

Спортскиот директор Леонардо настојува Гатузо да биде сменет, но тренерот во моментов ја има поддршката од целиот тим како и од Паоло Малдини.

Сепак, Милан веќе разботи на негова замена, а „Газета дело Спорт“ тврди дека прв избор е Роберто Донадони, кој во моментов е без ангажман.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…