Се ширела неподнослива смрдеа од станот, телото на познат Србин се распаѓало со денови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тело на познат српски спортски работник, Предраг Матиќ, вчера било најдено во фаза на распаѓање во неговиот стан во Параќин.

Мртвото тело на 57-годишниот маж го пронашла полицијата, која насилно влегла во станот по дојава за неподнослива миризба. Смртта, било констатирано дека настапила по природен пат, а мртвото тело се распаѓало десет дена.

„Станарите пријавија дека се шири неподнослив мирис, бев до подрумот, но ништо не открив. Кај Предраг заѕвонев на врата но никој не отвори, тропав и лупав со денови. Викнав полиција. Констатираа дека човекот умрел од инфаркт“, вели сосед.

Живеел сам, не бил оженет и немал деца.Соседите се затечени од веста за смртта зошто бил релативно млад, водел здрав живот и немал проблеми со здравјето.