Home Спорт Се сеќавате на Алан Смит, ѕвездата на Јунајтед? Еве каде е сега и што работи!

Се сеќавате на Алан Смит, ѕвездата на Јунајтед? Еве каде е сега и што работи!

Тој е легенда на Лидс, беше тандем со Марк Видука во тој клуб, стигна и до полуфиналето од Лигата на шампиони, а потоа во 2004 година премина во Манчестер Јунајтед.

Играше три години на „Олд Трафорд“, потоа помина една година во Њукасл, па следеше преселба во МК Донс, за во 2014 година да премине во Нотс Каунти.

Нотс Каунти се натпреварува во четвртиот ранг на англискиот фудбал, а Алан Смит и понатаму игра иако има полни 36 години.

Смит едно време ја извршуваше и функцијата менаџер, се додека не дојде Кевин Нолан, па сега е помошник тренер, а воедно и фудбалер.

Смит минатиот викенд го постигна својот прв гол во дресот на Нотс Каунти во победата над Мансфилд.

„И понатаму го има истиот глад, ќе постигнува уште многу голови“, изјави тренерот Кевин Нолан.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…