Home Актуелно Се санираат 4 детски едукативни инсталации

Се санираат 4 детски едукативни инсталации

Град Скопје од денеска ја почна санацијата на детските едукативни инсталации што се поставени во Градскиот парк и Парк „Македонија“ во Скопје. Во текот на наредните денови, до колку тоа го овозможуваат временските услови, ќе се изврши шмирглање и лакирање на оштетените дрвени делови, ќе се бојадисаат металните делови на инсталациите и ќе се дополнат нивните подлоги со бела ризла.

Станува збор за просторните инсталации:„Авантурите на пчеличката Маја“, поставена на дел на зелената паркова површина на потегот помеѓу булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата Јуриј Гагарин; „Авантурите на мравката и штурецот“, поставена во дел зелената паркова површина на потегот помеѓу булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата Јуриј Гагарин; „Волшебникот од Оз“ поставена во Градски парк и „Октоподот Хенк“, поставена во зелената паркова површина на потегот помеѓу булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов “ и улицата Јуриј Гагарин.

Градот Скопје упатува апел до граѓаните во периодот додека трае санацијата на детските инсталации да не ги користат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…