Home Актуелно Се прават планови за евакуација на македонски државјани заглавени во Украина

Се прават планови за евакуација на македонски државјани заглавени во Украина

Македонскиот амбасадор во Киев, Крум Ефремов, изјави дека таму сега е мирно, нема никакви дејствија, меѓутоа има паника и практично евакуација на граѓани од Киев.

-Се бега со коли, со различни превозни средства. Во моментов, авионските линии не функционираат, така да само преку копнени транспортни превозни средства се авкуираат граѓаните – изјави Ефремов за Телма.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, пак, за Канал 5 информираше дека утрово две македонски семејства побарале помош од нашата амбасада во Киев за да ја напуштат земјата.

-И денеска имаме неколку граѓани кои што бараат документи за да ја напуштат земјата, иако ние веќе правиме планови и за евакуација на нашите дипломати – рече Османи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…