Home Шоубизнис Се пензионира уште една легенда: Мајкл Кејн му кажува збогум на актерството

Се пензионира уште една легенда: Мајкл Кејн му кажува збогум на актерството

„Се уште не ме пензионирале, но чуствувам дека крајот е дојден“, вели актерската легенда Мајкл Кејн во најавата за своето актерско професионално пензионирање.

„Станување во 6:30 наутро и учење дијалози на памет не е моја слика на рајот“, додава актерската легенда.

Во „Youth“

Во интервју за „Mirror“, Кејн вели дека вратите му се затворале кога наполнил 70 години. Тогаш добил улога во филмот „Batman Begins”.Со тој филм на Кристофер Нолан пак ја почнал кариерата.

Во „The Prestige“

Вели дека своите најдобри филмови ги снимил како седумдесетгодишник. Во тој период снимил седум одлични филмови. Во неговата професионална актерска кариера глумел во 167 филмови. Но и покрај „новата кариера”, Кејн вели дека е време да се пензионира. Тој се движи со помош на бастун , откако лани го скрши глуждот на ногата, а потоа и премина на здрава исхрана , престана да пие.

Во „The Italian Job“

Поддршката за новиот начин на живот ја добива од сопругата Шакира (71). Сепак , во моментов не застанува со снимање . наскоро ќе се појави во филмовите „King of Thieves” и во „Four Kids and It” .

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …