Се огласи и обвинителот Пановски: „Ла Верита“ лаже


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако италијанскиот весник „Ла Верита“, повикувајќи се на свои информации и на сведочењето на обвинителот Наум Пановски пред републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, тврдеше во своите наводи дека, после блокирањето на фамозните 750.000 евра од Силјан Мицески префрлени на сметка од пензионерката Лилјана Тодоровска, а наменети за Меѓународниот Сојуз од Бојан Јовановски, следниот ден премиерот Зоран Заев лично ја побарал Русковска наредувајќи ѝ да ги одблокира парите, која пак му наредила на обвинителот задолжен за случајот, да ги следи директивите дадени од Заев, се огласи и прозваниот обвинител Пановски.

Обвинителот Наум Пановски, во изјава за Дојче Веле, ги дематира пишувањата на италијанскиот весник „Ла Верита“ во врска со тоа дека премиерот Зоран Заев барал од Вилма Русковска, а таа потоа му наредила на обвинителот да се одмрзнат парите од бизнисменот Силјан Мицевски кои се предмет на истрага во „Рекет“.

– Ниту сум дал таков исказ пред обвинителот Љубомир Јовески, ниту Вилма Рускоска била шеф на Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во периодот кога беа блокирани и деблокирани посочените средства, ниту по нечија наредба биле одмрзнати за 48 часа, напротив без блокирани неколку месеци – вели Пановски за Дојче Веле.