Home Актуелно Се обидел да го убие својот брат на новогодишната вечер

Се обидел да го убие својот брат на новогодишната вечер

Скопското Обвинителство отвори истрага против едно лице кое се обидело да го убие својот брат за време на новогодишната ноќ во семејниот дом во селото Чајлане, Сарај, пренесува Макфакс.

„Двајцата браќа најпрвин почнале да се расправаат, па во еден момент осомничениот од џебот извадил нож и неколкупати го прободел оштетениот во вратот, нанесувајќи му убодни рани од животозагрозувачки карактер“, информираат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот, бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност тој да се даде во бегство, можност да го повтори, односно да го доврши обиденото кривично дело, како и да ја попречува кривичната постапка со влијание врз оштетениот, сведоците и вештаците.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…